сабота, септември 19, 2026
Дома СВЕТ Силен земјотрес ја погоди Италија

Силен земјотрес ја погоди Италија

93

Силен земјотрес го погоди централниот дел на Италија утрово. Според сеизмолошките податоци, земјотрес со магнитуда од 4,3 степени е регистриран во 10:15 часот по локално време, објави Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил околу 18 километри северозападно од Ливорно и околу девет километри југозападно од Пиза, на длабочина од девет километри. Токму поради релативно плиткиот епицентар, земјотресот бил почувствуван во поширокото подрачје на Тоскана.

Засега нема извештаи за големи материјални штети или повредени.

Италија се наоѓа во многу сеизмички активна област поради судирот на африканските и евроазиските тектонски плочи и е меѓу европските земји кои најчесто бележат земјотреси со различна магнитуда.

ИЗДВОЕНИ