Во текот на денешниот ден, службите на Општина Кавадарци, во соработка со Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Екоживот“, спроведуваа информативна акција во централното градско подрачје.
Преку делење информативни летоци, граѓаните се запознаваа со штетните влијанија од загадениот воздух, како и со начините на кои секој поединец може да придонесе за негово намалување.
– Чистиот воздух е заедничка одговорност. Со правилно загревање на домаќинствата, одговорно однесување и подигнување на еколошката свест, сите заедно можеме да придонесеме за намалување на загадувањето и создавање поздрава животна средина – соопштија од Општина Кавадарци.












