среда, ноември 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Инцидент во Драчево: 27-годишник нападнал патници и возач во автобус, оштетил возило...

Инцидент во Драчево: 27-годишник нападнал патници и возач во автобус, оштетил возило и нападнал полицајци

0

Драматичен инцидент се случил вчера во 18:20 часот во скопската населба Драчево, каде полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 27-годишниот А.М. од Скопје.

Според информациите од полицискиот билтен, осомничениот најпрво физички нападнал неколку патници во автобус, а потоа се обидел да му го одземе и мобилниот телефон на возачот.

Но, тука не завршил инцидентот. Откако излегол од автобусот, 27-годишникот оштетил и патничко возило, а кога пристигнале полициските службеници, физички ги нападнал и нив.

Лицето било приведено, а од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ИЗДВОЕНИ