Земјотрес со магнитуда од 5,2 степени ја погоди источната турска провинција Ван, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD).
Земјотресот се случил утрово во 8:52 часот по локално време во округот Тушба.
Според AFAD, епицентарот бил на длабочина од седум километри.
Пријавени се и неколку последователни потреси од околу пет степени.
Земјотресот бил почувствуван во соседните провинции, предизвикувајќи паника кај жителите, кои истрчале на улиците, објави „Синхуа“.












