петок, октомври 23, 2026
Дома СВЕТ Хорор во Париз: Маж со автоматска пушка пукаше од возило на улица...

Хорор во Париз: Маж со автоматска пушка пукаше од возило на улица – има жртви/видео

0
Фото:принтскрин „Икс“

Едно лице е убиено, а неколку други се ранети во пукање што се случи утрово во департманот Ивлин, во западниот дел на парискиот регион, откако маж отворил оган од возило на улица, јавуваат француските медиуми.

Според извори запознаени со случајот, осомничениот отворил оган од возило околу 10:30 часот на улиците во градовите Трап и Ла Вериер, пренесува BFM.

Мажот отворил оган на улица во Трап, Ивлин, користејќи автоматска пушка, при што убил едно лице, а ранил неколку други, пишува „Ле Паризиен“, потврдувајќи ги информациите на порталот „Actu17“.

Осомничениот е уапсен од страна на Бригадата за борба против криминалот (BAC), пренесува парискиот весник, додека телевизијата BFM наведува дека тој бил фатен во градот Кониер. Префектурата на Ивлин соопштува дека итните служби во моментов се на терен.

„Утрово, едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе на кои наиде во Трап и Ла Вериер. Со жалење ве известуваме дека, во овој момент, едно лице е починато“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабе, на „Фејсбук“.

Според претходните извештаи, најмалку две лица се сериозно повредени, а вкупниот број на ранети би можел да биде и поголем,пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ