Австрија прогласи четворица руски дипломати за „персони нон грата“ (непожелни лица) поради сомневања за шпионажа, соопшти австриското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека тројца дипломати од руската амбасада во Виена се занимавале со „активности што не се во согласност со нивниот дипломатски статус“.
„Во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, тие се прогласени за ’персони нон грата‘“, се вели во соопштението, што денеска го пренесе весникот „Хојте“ (Heute), пренесува „Танјуг“.












