Изборниот молк во Србија ќе трае до недела, до 20:00 часот, кога се затвораат избирачките места.
На изборите учествуваат осумнаесет листи, а околу 6,45 милиони гласачи со право на глас ќе избираат 250 пратеници во Народното собрание.
Гласањето ќе се одвива на 8.392 избирачки места, од кои 93 се наоѓаат во странство.
Во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места, а за гласање се регистрирани околу 20.000 гласачи – од кои повеќе од 90 отсто се во Република Српска – изјави Милош Вујиќ, генерален конзул на Србија во Бања Лука.












