Унгарија и Словачка бараат ЕУ да ја укине забраната за снабдување со руски енергетски производи, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан по телефонскиот разговор со неговиот словачки колега Роберт Фицо.
„Унгарија и Словачка бараат ЕУ да ја укине забраната за снабдување со руски енергетски производи“, рече Орбан, објави весникот „Маџар Немзет“.
„Бараме Брисел веднаш да ги укине санкциите и ограничувањата за руските енергетски производи“, рече Орбан во видео обраќање емитувано од унгарската телевизија.
Орбан, исто така, го повика Брисел да го принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски „веднаш повторно да го отвори нафтоводот Дружба“, кој Украина го блокира од 27 јануари, пренесе „Танјуг“.
„Европската економија се соочува со ризик од недостиг на енергија и, како резултат на тоа, зголемување на цените. Заканата е неизбежна и може да се избегне само ако Европската унија ги надополни своите резерви на нафта и гас од сите можни извори, во што е можно поголеми количини и што е можно поскоро“, нагласи унгарскиот премиер, додавајќи дека секој ден сега е важен.
Унгарскиот премиер повтори дека ставот на Будимпешта е дека се потребни итни чекори и итно укинување на санкциите и ограничувањата наметнати за извоз на руски енергетски производи, пренесе „Независне новине“.












