петок, октомври 23, 2026
Дома БАЛКАН Хаос во албанскиот парламент: Шест пратеници се суспендирани поради предизвикување нереди/видео

Хаос во албанскиот парламент: Шест пратеници се суспендирани поради предизвикување нереди/видео

26
Фото:принтскрин, видео

Секретаријатот за етика при албанскиот Парламент денеска суспендираше шест пратеници од Демократската партија во траење од 60 дена, по инцидентите што ги предизвикаа за време на седницата во четвртокот, при што дојде и до физички напади врз пратеници од Социјалдемократската партија.

Суспендирани се Фламур Нока, Белинд Келичи, Фидел Јли, Лучано Бочи, Бесарт Џафери и Еди Палока – сите пратеници од Демократската партија на Сали Бериша – пренесува албанскиот медиум „ABC News“.

За други 14 пратеници од Демократската партија, кои ја блокираа парламентарната седница и за кои Социјалистичката партија побара десетдневна суспензија, беше одлучено да не се изрече казна.

За време на вчерашната седница, Фламур Нока физички го нападна претседателот на Парламентот, Нико Пелеши, како и шефот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, додека Фидел Јли го нападна поранешниот министер Ервин Хоџа, користејќи го уредот за гласање.

ИЗДВОЕНИ