четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Шокантни резултати: Во пораст е потрошувачката на кокаин и кетамин во Европа

Шокантни резултати: Во пораст е потрошувачката на кокаин и кетамин во Европа

500

Потрошувачката на кокаин и кетамин во Европа е во пораст, според анализата на отпадните води во 25 земји објавена денес од Агенцијата на Европската Унија за дроги и злоупотреба на дроги (EUDA) и истражувачката мрежа Скор.

Земени се примероци од области опфатени со постројки за третман на отпадни води во 115 градови во 25 земји (23 земји-членки на ЕУ, Норвешка и Турција).

Според студијата, концентрациите на кетамин во отпадните води се зголемиле за 41 процент помеѓу 2024 и 2025 година, додека кокаинот се зголемил за 22 проценти, објавува „Ле Фигаро“.

Присуството на овие супстанции во отпадните води се користи како индикатор за нивната потрошувачка, а податоците покажуваат значително зголемување во споредба со претходната година.

Во исто време, концентрацијата на MDMA (главната активна состојка во екстази) забележа јасно намалување.

Истражувањето, спроведено од EUDA во соработка со мрежата Skor, се базира на анализа на дневни примероци од комунални отпадни води собрани во текот на една недела помеѓу март и мај 2025 година.

ИЗДВОЕНИ