Американската скијачка Микаела Шифрин триумфираше на последниот слалом во сезоната, во Хафјел, Норвешка, забележувајќи ја својата 110. победа во Светскиот куп. Таа ја освои својата осма победа во слалом во сезоната со вкупно време од 2:07,61 минути.
Швајцарката Венди Холденер го освои второто место, со заостанување од 1,32 секунди, додека Германката Ема Ајхер беше трета, со заостанување од 1,36 секунди зад победничката.
Шифрин веќе го обезбеди Малиот кристален глобус во слалом. Таа има 980 бода, 442 повеќе од второпласираната Камил Раст од Швајцарија. Холденер е на третото место, 482 помалку од Шифрин.











