петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Шаренило, смеа и радост во Домот на културата во Ѓорче

Шаренило, смеа и радост во Домот на културата во Ѓорче

90

Општина Ѓорче Петров ги повикува најмладите да ги подготват најоригиналните маски и да се придружат на незаборавна детска авантура на 1 април која ќе се одржи во Домот на култура со почеток во 11 часот.

-Домот на културата ќе се претвори во вистинско царство на смеа, боја и радост. Ќе има изобилство од забава – жонглери, улични артисти, диџеј и многу изненадувања. Најкреативните маски ќе бидат наградени, па пуштете ја фантазијата на слобода.Ова е ден создаден за децата – исполнет со игра, смеа и безгрижни моменти – соопштија од локалната самоуправа.

Најголемата забава под маски по повод светскиот ден на шегата во Општина Бутел ќе се одржи утре во салата „Антон Димитров”, со почеток во 10:30 часот. Од Општината велат дека ќе има многу музика, забава, детски претстави и најубави детски маски.

ИЗДВОЕНИ