Еден од најдобрите тенисери во светот, Александар Саша Зверев, е човек што сè уште нема ниту еден гренд слем трофеј, што е помалку зачудувачки со оглед на тоа што веќе има олимписки медал. Сепак, тој е некој што заслужува голема почит за сè што направил, затоа што игра тенис на највисоко можно ниво, победува на турнирите и сето тоа со дијабетес тип 1. Колку влијае дијабетесот врз него можеше да се види во полуфиналето на турнирот во Мајами. Таму загуби од Јаник Синер (6:4, 7:6), но користеше инсулин на средина од натпреварот. Во текот на паузата меѓу сервисите, седна на столчето, го извади инсулинот и си инјектираше во ногата.

Дали почувствува нешто или го користи во одреден момент – е непознато. Тој детаљ од натпреварот не можеше да се види на телевизија, но се појави видео од навивачите од стадионот. Многумина не можеа да го видат тоа, но сега е јасно колку е поважен секој негов добар резултат отколку што изгледа.

Тој неодамна отворено проговори во Австралија за своите здравствени проблеми и борбата со дијабетесот.

  • Дијабетичар сум од мојата четврта година. Затоа ја основав фондацијата, не само за спортистите со дијабетес туку и за децата. За жал, живееме во свет каде што не секоја земја има среќа да ги има сите потребни лекови, сензори и технологија за следење, како што е случајот во Германија, Австралија или во Америка. Затоа ја основавме фондацијата, за да им помогнеме на децата, бидејќи има земји што не се доволно развиени и кога ќе добијат дијабетес, децата таму не живеат до одредена возраст. Поради сето ова, сакаме да им дадеме шанса на сите, да им обезбедиме лекови, болници и нормален живот со дијабетес, тоа е нешто што ми е блиску до срцето – рече Зверев.

ИЗДВОЕНИ