Особено во Словенија има најголем број обожаватели, а неодамна таму во Љубљана, настапи како гостин на концерт на мегапопуларниот Жељко Бебек. Признава дека му е драго што толку многу го спредуваат со Тоше Проески, но искрен е кога вели дека “тешко било кој од нас пејачите и во наредните 100 години може да го замени нашиот ангел“. Македонецот Сергеј е навистина естрадна сензација, нешто слично како што му се случи на веќе популарниот Јаков Јозиновиќ.
Прилепчанецот Сергеј Попоски е 23-годишниот надежен поп-пејач кој со својот моќен глас штотуку го бранува целиот Балкан, а особено Словенија каде има најголем број обожаватели. Музичкиот пат на Сергеј започнал уште на 5-годишна возраст, кога неговиот дедо, образован музичар засекогаш му ја всадил љубовта кон музиката и пијаното. По завршеното музичко образование во музичкото училиште „Матрикс“ кај Денис Димоски, тој редеше успеси на фестивалите: „Езерски бисери“, „Охрид Фест“, „Макфест“, а со својата група настапи неодамна во преполната сала „Крижанке“ во Љубљана, како гостин на концерт на мегапопуларниот Жељко Бебек. Сергеј е навистина естрадна сензација, нешто слично како што му се случи на веќе популарниот Јаков Јозиновиќ. Видеата од неговите концертни настапи достигнуваат стотици илјади прегледи на Тик-Ток. Најмногу поради моќниот вокален распон и харизматичните интерпретации. Така да сè почесто се поставува прашањето дали Македонија го добива својот нов Тоше Проески?
-Тоше е неповторлив, тешко дека било кој од нас пејачите и во наредните 100 години може да го замени нашиот ангел. Доколку, некој во мојот глас, сепак почувствува емоции кои ги потсетуваат на Тоше, тоа е тогаш за мене огромен комплимент. Но, јас сум само градско ‘момче од гаража’, кој на тие места си ги снима видета, а ете на публиката токму тоа многу и се допаѓа, скромно раскажува супер талентираниот Прилепчанец.
Во јануари оваа година, Сергеј доживеа да биде награден со престижната балканска музичка награда “Гранд При“, поради што беше бесконечно среќен. Но, за кусо време траеше неговата среќа. Точно на тој ден, неговиот свет целосно се урна. Неговата мајка изненадно почина. -Тоа е неописливо тешка приказна за прераскажување. Се сеќавам, дека разговарав со мајка ми еден пред таа да загине. Нешто во мене како да ми зборуваше дека треба да се вратам во Прилеп, бидејќи бев на настапот во Скопје. За да ја видам за последен пат. И точно тогаш кога на тој настап воедно ја добив наградата во истиот момент се случува најлошото, најтрагичното, нешто најстрашното. Тоа од корен ми го менува животот, искрено низ солзите раскажуваше Сергеј Попоски.
-Болката е преголема, не поминува и уште е присутна тука некаде длабоко во мене. Тешко е, тешко. Голема празнина. Мајка е мајка и со никој не може да се спореди или замени. Но, мислам дека сега од како физички ја немам, со себе ја носам енергијата на мајка ми. Секој ден се борам, а има денови кога не сакам дури ни да станам од кревет. Ќе се прекрстам бидејќи верувам во Господ, па така успевам да чекорам напред. Всушност, моето презиме Попоски доаѓа од мојот прадедо кој бил почитуван поп во Прилеп.
Сергеј неодамна во Загреб во знак на спомените на неговата сакана мајка ја промовираше својата нова песна „Еднаш засекогаш“. При тоа тој откри дека оваа песна носи посебна порака, бидејќи стануваме свесни за значењето на некоја личност дури откако за секогаш ќе ја изгубиме. – Но, тука не застанувам. Тоа нема да биде само таа една песна за мајка ми. Допрва ќе снимам уште една со таквата тема, за мене вредно како злато. За тоа потоа, емотивно вели Сергеј.
(Д.М.) фото:ФБ












