По повод одбележувањето на 20.годишнината од основањето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ), денес во просториите на претпријатието актуелниот директор, Душко Коцевски одржа средбна со поранешните директори: Тодор Делјановски, Вангел Андрески, Саша Богдановиќ и Васко Кичевски.
Од претпријатието соопштија дека средбата билае можност за размена на искуства и сеќавања, како и за разговор за развојот на претпријатието, предизвиците со кои се соочувало во различни периоди и промените и достигнувањата во изминатите две децении. Оттаму додаваат дека со оваа средба воедно започнале и подготовките за одбележување на значајниот јубилеј.
-Дваесет години се значаен период во кој претпријатието поминало низ многу промени и предизвици. Денешната средба беше убава можност да се потсетиме на почетоците, да размениме искуства и да им оддадеме признание на сите кои низ годините придонеле за развојот на ЈП ПОЦ. Секој период оставил свој белег, а наша задача е да го продолжиме тој развој и да обезбедиме уште подобри услуги за граѓаните – истакна Коцевски.
Како дел од јубилејните активности, предвидена е изработка на публикација посветена на 20-годишнината, која ќе го документира развојот на претпријатието низ годините и ќе содржи сведоштва, искуства и сеќавања од луѓето кои во различни периоди биле дел од неговото раководење и развој.












