среда, октомври 28, 2026
Дома БАЛКАН Семејството пријавило дека исчезнал! Познат идентитетот на осомничениот за нападот врз израелската...

Семејството пријавило дека исчезнал! Познат идентитетот на осомничениот за нападот врз израелската амбасада?

1108
Фото: Министерство за внатрешни работи Србија

Семејството на Дарио Николиќ од Бела Река, близу Шабац – кој е осомничен за терористички напад врз израелската амбасада во Белград – вчера на социјалните мрежи објавиле дека тој исчезнал и дека неговото исчезнување е пријавено во полиција, објав „Блиц“.

На социјалните мрежи вчера се појави апел од неговото семејство, во кој се наведува дека Николиќ исчезнал завчера попладне и дека оттогаш семејството нема никакви информации за тоа каде се наоѓа.

„Според првичните информации, Дарио заминал од своето село кон Шабац за да се потстриже, а последен пат бил виден во трговскиот центар ’БИГ‘. Потоа, му се губи секаква трага. Последниот контакт со семејството го имал околу 16 часот, кога разговарал со мајка си. Од тој момент, неговиот телефон е недостапен, а тој не се вратил дома“, се вели во апелот.

Таткото на Николиќ исто така потврди дека тој заминал од селото за да се потстриже и дека го пријавиле неговото исчезнување во полиција.

Како што објавија српските медиуми, Николиќ претходно бил депортиран од Германија поради објави со радикална исламистичка содржина на социјалните мрежи.

ИЗДВОЕНИ