Популарната пејачка не ги крие годините!

Нашата популарна пејачка, Елена Велевска, не ги крие годините, се гордее со нив. Па, така вчеравечер, во Охрид, каде што живее со децата, гламурозно го прослави својот 46. роденден. Згодната пејачка направи журка за паметење, а имаше за јадење, пиење и од “пиле млеко“, како што вели народот. Меѓутоа, најважна беше одличната атмосфера, која траеше до рани зори. Нема некој од присутните што не се фати за микрофонот. Пееше и самата славеничка, но заедно со својата згодна ќерка, Софија.Целиот прекрасен амбиент беше специјално надополнет со балони во зелена и во златна боја и сите ѝ се восхитуваа на уникатната роденденска торта украсена со клавирски клавиши. Елена доби и многу подароци, а најмилите ѝ беа подарени секако од нејзините деца, за кои живее и работи, никогаш посреќна.

Пријателите, роднините, медиумите, но, секако, и колегите од естрадата, споделуваа честитки за нејзиниот роденден, а меѓу позабележителните беше онаа од колешката Сузана Гавазова. Тоа затоа што цело лето низ чаршијата се вртеше надуената приказна дека тие се скарани. Ова кажува дека не е точно тоа, со што и самата Гавазова ја потврди цврстата пријателска комуникација со Велевска.

Остани ни драга Елена, жива здрава, убава и насмеана!

(Д. М.)

ИЗДВОЕНИ