Датумот за трилатералните разговори меѓу Русија, САД и Украина во Абу Даби наскоро ќе биде објавен, изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател, пренесува руски „Спутник“.
Ушаков не потврди дека разговорите во Абу Даби се закажани за 10 ноември.
„Сè уште немаме одредено конкретен датум. Споменавме дека тоа би можело да биде кон средината на ноември – некаде помеѓу 10-ти и 20-ти – но не сме утврдиле точен датум“, рече тој.
Ушаков напомена дека преговорите продолжуваат во трилатерален формат и дека нема планови да бидат поканети Европејците.
„Европско присуство не е предвидено. Тие можат да дојдат ако си купат билети, но никој не планира да ги покани на преговарачката маса“, изјави Ушаков за руските медиуми.
Според него, за учеството на Европејците во разговорите не се разговарало за време на телефонските разговори на Владимир Путин со претседателот на Финска и премиерот на Норвешка.
Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Кремљ ќе даде соопштение штом ќе биде познат датумот за разговорите.












