Со владината реконструкција, кадарот на ВЛЕН, Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот што го водеше Зоран Љутков, ќе биде новиот министер за култура и туризам.

Седат Сулејмани е роден во Тетово, во 1975 година. Дипломирал на Универзитетот Улудаг – Бурса во Турција. Студирал постдипломски студии на УЈИЕ, Факултет за општествени науки. За време на различни периоди, тој покажува успех во бизнис, во приватниот сектор.

Долго време бил вклучен во социо-културни активности како што се: уредник на едукативната радио програма на Радио Канал Б, основач на НВО за култура, образование и уметност „Калкан“, фолклорист на „Јени Хајат“, основач и претседател на НВО за култура, образование и уметност „Призма“, координатор на проектот „Братството не избира граници“ во соработка со општина Бајрам Паша –Истанбул, Турција.

Во 2020 година ја добива титулата заменик-министер за култура и оваа функција ја извршува до 2021 година. Од 2023 до 2024 година бил советник за стручна административна поддршка на општинскиот инспекторат во општина Тетово. Во актуелниот владин состав повторно беше избран за заменик-министер за култура и туризам.

Сулејмани течно зборува албански, македонски и турски јазик.

ИЗДВОЕНИ