четврток, јули 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ДЗС се поднови со две теренски возила

ДЗС се поднови со две теренски возила

1

Дирекцијата за заштита и спасување се поднови со две теренски  возила. Тие се набавени преку иницијативата „Волонтер 2“, со поддршка и финансиска помош од Европската Унија и од партнерските институции вклучени во проектните активности oд Грција.

Од ДЗС информираат дека новите возила со 4×4 погон ќе се користат за интервенции при поплави, шумски пожари и други природни и техничко-технолошки катастрофи, како и за активности во рамките на прекуграничната соработка со партнерските институции.

– Со оваа набавка се зајакнуваат оперативните капацитети и мобилноста на тимовите на ДЗС, со цел побрз и поефикасен одговор при вонредни состојби – велат од Дирекцијата.

ИЗДВОЕНИ