четврток, октомври 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се спушта студена маса од север, следува опаѓање на температурите

Се спушта студена маса од север, следува опаѓање на температурите

105

Под влијание на циклонска активност од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток кога ќе наврнат над 25 литри на квадратен метар за 24 часа. Стабилизирање на времето се очекува од недела, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, се посочува во соопштението, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.

И во Скопје, до сабота времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината повремено врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар за 24 часа.

ИЗДВОЕНИ