понеделник, август 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се реконструираат тротоарите на улиците „Маршал Тито“ и „Партизанска“

Се реконструираат тротоарите на улиците „Маршал Тито“ и „Партизанска“

64

Со цел подобрување на постојната инфраструктура во централното подрачје на Неготино, веќе извесен период, на терен, се одвиваат градежни активности за реконструкција на тротоарите на улиците „Маршал Тито“ и „Партизанска“.

Градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева, истакна дека Општината  аплицирала за проектот на јавниот повик на Владата на Република Македонија

– Станува збор за тротоари за кои стручните служби утврдија дека се во незавидна состојба и делумно нефункционални, па токму затоа се пристапи кон нивна реконструкција и обнова. Во моментов се одвива реконструкција на тротоарот на улицата „Маршал Тито“, на потегот од „Либерта“ до Градскиот плоштад, како и на улицата „Партизанска“, на потегот од Градскиот плоштад до спојот со улицата „4 Јули“, во вкупна должина од 653 метри на двата тротоари – информираше Нацева.

Таа додаде дека целта на проектот е подобрување на постојната инфраструктура на двете улици и преку изведување градежни зафати, да се подобри квалитетното функционирање и да се создадат услови за непречено и олеснето движење на пешаците и на лицата со посебни потреби, а истовремено да се подобри урбаниот лик на овој дел од Неготино.

 

ИЗДВОЕНИ