среда, ноември 18, 2026
Дома СВЕТ ПУТИН НЕ ДОБИ, ОНА ШТО ДОБИ ТРАМП/ВИДЕО

ПУТИН НЕ ДОБИ, ОНА ШТО ДОБИ ТРАМП/ВИДЕО

2
EPA/KEVIN FRAYER / POOL

Кинескиот претседател Шји Џинпинг лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на аеродромот во Шенжен. Трамп пристигна во Кина за самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Овој потег претставува отстапување од стандардната дипломатска практика во Кина. Откако ја презеде функцијата, Шји нема лично пречекано ниту еден американски претседател на аеродромот, а неговото појавување на пистата се толкува како сигнал за важноста што Пекинг ѝ ја придава на својата врска со Вашингтон.

За споредба, рускиот претседател Владимир Путин – кој пристигна во Шенжен претходно истиот ден – беше пречекан од Цаи Ќи, шефот на кабинетот на Шји. Дури и тој пречек се сметаше за извонредно висока почест.

Со ова, Шји возврати на гестот на Трамп од претходно оваа година, кога американскиот претседател лично го пречека кинескиот лидер при неговото пристигнување во воздухопловната база „Ендрјус“ во Соединетите Држави.

Пред пристигнувањето на Трамп, Шји и Путин одржаа средба во Шенжен која траеше повеќе од два часа. Тие разговараа за односите меѓу двете земји и за можностите за продлабочување на економската соработка, при што двајцата лидери ја истакнаа стабилноста на партнерството меѓу Москва и Пекинг.

ИЗДВОЕНИ