Производството на шумски сортименти во државните шуми бележи раст од 4,8 проценти во третото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период лани. Вкупното производство достигнало 146.000 кубни метри, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Најзначително зголемување е регистрирано кај производството на трупци, кое бележи раст од 40,4 проценти. Наспроти тоа, кај сите останати видови шумски сортименти е забележано намалување. Според структурата на производството, најголем дел отпаѓа на огревното дрво, со вкупно 103.892 кубни метри. Производството на трупци, пак, изнесува 40.650 кубни метри.
Раст е забележан и кај продажбата на шумски сортименти. Во третото тримесечје од 2026 година, вкупната продажба достигнала 147.490 кубни метри, што претставува зголемување од 1,6 проценти во однос на истиот период од претходната година.












