вторник, ноември 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полицијата уапси вработен во ДЗС поради сомнение дека примил мито

Полицијата уапси вработен во ДЗС поради сомнение дека примил мито

0

Полициски службеници во координација со ОЈО Скопје уапсија лице вработено во Дирекцијата за заштита и спасување поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Информациите се дека се работи за раководител во ДЗС кој, според првичните информации, барал мито во врска со издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект.

Засега нема детали за случајот, а по завршување на активностите се очекува официјално соопштение со детали за настанот.

ИЗДВОЕНИ