вторник, јуни 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Се разгледуваат забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи

Се разгледуваат забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи

1

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека заврши периодот за коментирање на Предлог-законот за заштита на природата преку ЕНЕР.

– Во тек е систематизација и разгледување на пристигнатите предлози и забелешки од институциите, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните. Министерството упатува благодарност до сите учесници кои придонесоа кон подготовката на ова значајно законско решение – велат од МЖСПП.

По вградувањето на прифатените сугестии во законскиот текст, Министерството ќе организира две јавни расправи и ги повикува сите заинтересирани страни активно да се вклучат во следната фаза од процесот, со цел донесување современ и квалитетен закон кој ќе обезбеди поефикасна и долгорочна заштита на природните вредности.

Предлог-законот ја уредува заштитата на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност, заштита на природното наследство во и надвор од заштитените подрачја, како и заштита на природните реткости.

ИЗДВОЕНИ