Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, заработи сериозна повреда на натпреварот против Оклахома, меч што го загубија „езерџиите“ со 139:96.

Тандерс беше предводен до победата од Шеј Гилџус-Александер, кој постигна 28 поени за 30 минути игра, со седум скока и две асистенции.

Покрај тоа што загуби со голема разлика, Лејкерс ќе го памети натпреварот и по повредата на Лука Дончиќ, кој го заврши натпреварот по 26 минути игра.

Дончиќ ја заработи повредата без контакт и во еден момент се фати за левиот заден дел од ногата, по што легна на подот. До тој момент имаше запишано 12 поени и седум асистенции.

ИЗДВОЕНИ