петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Првпат од почетокот на војната брод помина низ Ормутскиот теснец

Првпат од почетокот на војната брод помина низ Ормутскиот теснец

89
google maps

Контејнерски брод во сопственост на француска бродска групација помина низ Ормутскиот теснец, според извештајот на француска телевизиска станица, објави Скај њуз. Бродот припаѓа на бродската група со седиште во Франција, CMA CGM, објави BFM TV.

Не беше веднаш јасно како бродот успеал безбедно да помине низ теснецот, тесен морски премин низ кој минуваат околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас.

Теснецот е практично затворен откако започнаа воздушните напади на САД и Израел врз Иран на 28 февруари.

CMA CGM не одговори веднаш на барањето за коментар, објави Ројтерс.

Француското Министерство за надворешни работи одби да коментира, додаде Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ