Додека вселенското летало „Артемис II“ се упатува кон другата страна на Месечината откако ја напушти орбитата на Земјата, четирите астронаути на бродот зборуваа за досегашниот напредок на мисијата.
„Нашиот екипаж е здрав и нашето летало работи навистина добро“, рече д-р Лори Глејз, претставник од НАСА, која го води развојот и работењето на програмата „Артемис“. Глејз, според Би-Би-Си, нагласува дека „Артемис II“ е пробен лет и дека тимот сака да „научи што е можно повеќе“ за леталото.
Астронаутите сè уште не разговарале директно со своите семејства од вселената, но НАСА ќе „најде време“ да го стори тоа наскоро.
Менаџерот на вселенското летало, Хауард Ху, признава дека не спиел многу во последните 24 часа, но вели дека екипажот имал „совршено лансирање“ и додава дека нивните системи за одржување на животот работат „точно како што е предвидено“.
Потоа четирите астронаути известија од бестежинска состојба.
„Најважниот дел од опремата досега? „Отпушувач на ВЦ школка“, според самопрогласената „вселенска водоинсталатерка“ Кристина Кох, која ги поправи почетните проблеми со тоалетот на вселенското летало Орион.
Инаку, таканаречениот „лунарен тоалет“ се расипа штом Артемис 2 стигнал до Земјината орбита во средата навечер. Контролата на мисијата ја водеше астронаутката Кристина Кох низ водоводџиски трикови пред конечно да го пушти во употреба.
Спиењето во вселената е „комично, но поудобно отколку што можеби мислите“, вели командантот Рид Вајсман, додавајќи дека Кох спие „висејќи како лилјак“.
Гледајќи ја Земјата од илјадници милји оддалеченост, Вајсман вели дека можел да ја види „целата планета од северниот до јужниот пол“, опишувајќи го како „најимпресивниот момент што ги изненади сите четворица“.
Инспириран од глетката, пилотот Виктор Гловер ги повикува Американците да се обединат зад мисијата, велејќи дека таа му дала на тимот нешто до кое „сите ќе се држиме до крајот на нашите животи“.
Како мисиите на Месечината ќе му помогнат на човештвото да стигне до Марс?
„Артемис 2“ ја напушта Земјината орбита и се упати кон другата страна на Месечината












