четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Се огласи Дачиќ од болница: „Пет дена без свест, на работ на...

Се огласи Дачиќ од болница: „Пет дена без свест, на работ на животот и смртта – се вратив, животе мој“

2247

Министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, се огласи на Инстаграм за прв пат откако беше хоспитализиран на 25 февруари поради пневмонија.

Дачиќ наведе дека се опоравува од сериозна здравствена состојба и дека наскоро би можел да биде пуштен од болница на домашно лекување. Тој напиша на Инстаграм дека сè уште е во болница, но дека се вратил во живот. Им се заблагодари на сите кои, како што изјави, биле со него за време на неговото закрепнување.

Тој се потсети и на песна која, како што наведе, ја пеел со Кемал Монтено пред повеќе од 15 години.

„Пред повеќе од 15 години, Кемал Монтено и јас ја пеевме заедно неговата песна, за која немав поим дека ќе ја живеам. Се вратив, животе мој“, напиша Дачиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivica Dačić (@ivica.dacic.rs)

Вечерта на 25 февруари, Дачиќ беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка билатерална пневмонија.

ИЗДВОЕНИ