Се очекува просечната откупна цена на тутунот од годинашната реколта да надмине 420 денари за килограм, соопшти министерот за земјоделство, Борче Серафимовски, на Форумот за ориентален тутун во Прилеп.
Тутунарите ќе добиваат субвенции од 80 денари за прва, 70 за втора и 60 денари за трета класа. Министерството најави транспарентен откуп, навремена исплата и мерки за заштита на производителите.
Серафимовски посочи дека климатските промени влијаат врз приносот и на квалитетот на тутунот, нагласувајќи ја соработката со научните институции за приспособување на производството.
Во тутунопроизводството се ангажирани околу 18.000 земјоделски стопанства, а извозот на тутун и преработки годишно носи од 140 до 150 милиони евра.












