вторник, октомври 27, 2026
Дома СКОПСКА Калистеника-зони во Долно и Ново Лисиче

Калистеника-зони во Долно и Ново Лисиче

1

Нова калистеника-зона е поставена во Долно Лисиче. Воедно, на локацијата кај спортскиот терен „Никола Христовски-Кољо“ во Ново Лисиче, се поставуваат нови, современи справи за вежбање на отворено.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митeски, вчера изврши увид во работите на оваа локација.

– Покрај новите локации, Аеродром веќе го има и својот прв, најсовремен парк за калистеника, покрај булеварот „Србија“ во населбата Јане Сандански. Со вакви справи е збогатено и игралиштето „Патрик“, зад „Три бисери“, а во наредниот период нова калистеника-зона ќе биде поставена и во населбата Острово – потсетуваат од Општина Аеродром.

Притоа додаваат дека со проширувањето на спортските содржини низ општината, се создаваат повеќе можности за бесплатна рекреација, физичка активност и здрави животни навики за сите генерации.

 

 

ИЗДВОЕНИ