сабота, септември 12, 2026
Дома СВЕТ Се буди ли џинот на планината Токачи: Подигнато нивото на предупредување за...

Се буди ли џинот на планината Токачи: Подигнато нивото на предупредување за вулкан на Хокаидо, наредена е евакуација

10
Фото:википедија

Нивото на предупредување за вулканот Токачи на јапонскиот остров Хокаидо е подигнато на ниво 3 (на скала од пет нивоа) поради зголемена сеизмичка активност и ризик од можна ерупција, соопшти регионалната метеоролошка служба.

Регионалната канцеларија во Сапоро на Јапонската метеоролошка агенција го подигна нивото на предупредување од ниво 2, кое претходно го ограничуваше пристапот до кратерот на вулканот. Според предупредувањето, ерупцијата би можела да ја загрози областа во радиус од приближно три километри од кратерот.

Метеоролошките служби известуваат дека од август е забележано зголемување на зачестеноста на посилни земјотреси во близина на вулканот.

Издадена е наредба за евакуација во градот Камифурано за областа на термалните извори Фукиаге, која се наоѓа на приближно три километри од кратерот. Ова е првпат да се издаде предупредување од ниво 3 за планината Токачи.

Емисиите на вулкански гасови се во пораст од април, додека во јули и август беа забележани помали ерупции.

Последната голема ерупција на вулканот се случила во февруари 2004 година, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ