Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција, со помош на нивните специјалните возила „пајак“ санкционирале 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура. ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар за да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.