Вечерва во Паркот на франкофонијата, по четврти пат се одржува настанот „Нешто што ќе остане“, во организација на Општина Центар. Настанот го одбележува големиот јубилеј, односно 50-годишнината од постоењето на општината. Слаткар, „Дупер“, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и „2 Бона“ се дел од музичката програма, а настанот го водеше Сашко Коцев.
И оваа година Општина Центар останува доследна на определбата да ја поддржува и промовира македонската музичка сцена и домашните артисти.
Фото:П.Стојановски



















