четврток, октомври 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Санкциониран возачот кој во возило со развиорени знамиња го блокираше сообраќајот кај...

Санкциониран возачот кој во возило со развиорени знамиња го блокираше сообраќајот кај Собрание/ВИДЕО

0

По видеото кое ги преплави социјалните мрежи, а на кое се гледа како патничко возило го блокира сообраќајот во самиот центар на Скопје, полицијата веднаш реагираше.

Инцидентот се случил на 5 октомври на крстосницата меѓу улиците „11-ти Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“, каде автомобилот попречувал нормално движење на останатите возила. Секторот за внатрешни работи Скопје вчера го повика Н.В. сопственикот на возилото „голф“ со скопски регистарски ознаки.

Од СВР Скопје информираат дека против него се преземени соодветни законски мерки согласно членот 3 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

ИЗДВОЕНИ