недела, јуни 7, 2026
Дома СКОПСКА Санирање на постојните и поставување нови клупи, се уредуваат и игралиштата      

Санирање на постојните и поставување нови клупи, се уредуваат и игралиштата      

36

Голем дел од планираните активности се веќе реализирани, а обновата на урбаната опрема низ Општина Аеродром продолжува со засилено темпо.

Во тек е санација на околу 300 клупи, а дополнително поставуваме и околу 100 нови клупи низ целата општина.

Се уредуваат и детските и спортските игралишта, со нова и модернизирана опрема за побезбедна и поквалитетна рекреација.

Наскоро ќе бидат поставени и 5 нови калистеника зони – современи простори за спорт и активен живот на отворено.

Продолжуваме со интензивна работа на терен сѐ до целосна обнова на урбаната опрема во сите населби и маала, затоа што Аеродром заслужува уредени, современи и функционални јавни простори за сите.

 

ИЗДВОЕНИ