недела, јуни 7, 2026
Дома СКОПСКА Прва полуматурска парада во Ѓорче

Прва полуматурска парада во Ѓорче

34

Во Ѓорче Петров, по прв пат, ќе се одржи голема полуматурска парада. Настанот посветен на полуматурантите од Општина Ѓорче Петров, на нивниот труд, успех и новиот чекор кон иднината,  ќе се случи на 10 јуни, во реонскиот парк, со почеток во 10:00 часот.

– Со зурли и тапани, македонски ора, награди за ученици и наставници и многу позитивна енергија, заедно ќе им покажеме дека Ѓорче стои зад своите млади – нагласија од Општината.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ги покани сите родители, наставници, ученици и сограѓани да дојдат и да ги поддржат полуматурантите.

 

ИЗДВОЕНИ