Целосно е реконструирана улицата „2“ во населеното место Расадник, на територијата на општина Бутел.
Од Општината информираа дека улицата е обновена во најбрз можен рок. Таа е долга 250 метри и зафаќа површина од 1.000 квадратни метри.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски најави дека во ова населено место наскоро ќе се реконструираат и улиците: „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“.












