четврток, септември 24, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Само 600 денари повеќе за пензионерите со пензија од 20 илјади

Само 600 денари повеќе за пензионерите со пензија од 20 илјади

20

Зголемувањето на пензиите за септември ќе изнесува 3 отсто, потврди директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов. Зголемувањето на пензиите овој пат ќе се врши согласно со законското решение и нема да има линеарно зголемување, како што бараа дел од пензионерите.

Доколку пензионер прима пензија од 20.000 денари, со зголемувањето, неговата пензија ќе биде повисока за 600 денари.

Се очекува да се применат новите износи при исплатата на пензиите следниот месец. Висината на зголемувањето ќе се утврди со примена на предвидениот процент врз актуелниот износ на пензијата.

Во Фондот веќе се вршат пресметките за новите износи, со цел исплатата да се подготви навреме.

Конечниот износ што ќе го добива секој пензионер по зголемувањето ќе зависи од висината на неговата сегашна пензија.

Во текот на последните две години, пензиите во четири наврати беа зголемувани линеарно, за вкупен износ од 7.000 денари.

Минатата година, Уставниот суд поведе постапка за оценување на ова прашање, но во март 2026 година ја прекина постапката, откако не беше обезбедено мнозинство за донесување одлука.

ИЗДВОЕНИ