понеделник, ноември 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Македонија со 6,9 тони злато, пред Албанија, БиХ и Црна Гора

Македонија со 6,9 тони злато, пред Албанија, БиХ и Црна Гора

0

Според податоците на Светскиот совет за злато, засновани, главно, на статистиката на Меѓународниот монетарен фонд, македонските резерви во септември 2026 година изнесувале околу 6,9 тони и останале непроменети во однос на претходниот месец.

Разликата со Србија е значителна. Нејзините златни резерви на крајот од септември достигнале околу 55,1 тон. Србија во последниве години активно купува злато, вклучително и од домашното производство на компанијата „Србија Зиѓин Копер“.

Во споредба со другите земји од Западен Балкан, Македонија има повеќе злато од Албанија, Босна и Херцеговина и од Црна Гора.

Според податоците објавени од „Банкарство“, регионалната споредба изгледа вака, Србија 55,14 тони, Македонија 6,89 тони, Албанија 3,73 тони, Босна и Херцеговина 3,48 тони и Црна Гора 1,2 тони.

Според податоците на Народната банка, на крајот од август 2026 година, девизните резерви на Македонија изнесувале 5,1 милијарда евра. Монетарното злато учествувало со 17,2 отсто во нивната вкупна вредност, додека најголемиот дел, 69,4 отсто, бил вложен во хартии од вредност.

Македонското монетарно злато се чува во трезорите на Банката на Англија во Лондон, според претходно објавените информации за управувањето со девизните резерви.

ИЗДВОЕНИ