Со патриотски ноти далеку од родната груткa! Се случи вистински музички спектакл, забава исполнета и со емоции и со патриотски македонски песни. Врвот на воодушевувањето беше кога Гавазовa го прегрна македонското знаме, а низ салата ечеа рефрените од незаборавните „Македонско девојче“, „Каде и да сте Македонци, за многу години“, „Моја Македонијо“…
Популарната македонска фолк-ѕвезда, сексапилната Сузана Гавазова, изминатиот викенд направи вистински музички бум, како што, впрочем, вели нејзиниот голем хит „Бум, бум… никој ништо не ни може, само песна дај ни Боже, бум-бум, бум-бум, весели сме мили Боже“ во Германија, кај нашите иселеници во гратчето Фулда. – Ви благодарам од срце на сите за преполната сала, за секоја испеана песна и за љубовта што ми ја давате каде и да настапувам. За тоа што блескав, не само со пеењето туку и со фризурата и со фустанот, треба да ѝ бидам благодарна на Маја Кадријовскa, изјави среќната Сузана
Во текот на целата вечер за време на настапот кој долго ќе се памти, публиката не ја остави популарната пејачка, што се вели, ни да дише. Се случи вистински музички спектакл, забава исполнета и со емоции и со патриотски македонски песни. Врвот на воодушевувањето беше кога Гавазова го прегрна македонското знаме врз себе, па низ салата ечеа рефрените од незаборавните „Македонско девојче“, „За многу години Македонци“, „Моја Македонијо“… кои имаат посебно место во срцето на Сузана и во срцата на Македонците иселеници.
Таа вечер, далеку од родната грутка, на Македонците што беа на настапот на Сузана им се случи магија. Имаше и солзи радосници од преголемата возбуда измешана со патриотски емоции, како резултат на љубовта што ја шири оваа омилена македонска пејачка. А, сè беше дополнето со нејзиниот шарм и харизмата, со што сите го имаа истото чувство, дека Сузана му пее на секој посебно.
(Д. М.) фото: ФБ












