Квалитетот на воздухот во светот се влошува, покажува нов извештај на IQAir. Само 14% од градовите имаат безбеден воздух, што е пад во однос на претходната година.

Главни причини се климатските промени, шумските пожари и екстремните временски услови, додека загадувачките честички PM2.5 претставуваат сериозен ризик за здравјето.

Во Европа, само Исланд, Естонија и Андора ги исполнуваат стандардите, додека 91% од земјите во светот не ги достигнуваат безбедните граници.

Најзагадени се Пакистан, Бангладеш и Таџикистан, а најлошите градови се концентрирани во Индија, Пакистан и Кина.

Експертите предупредуваат дека без подобар мониторинг и намалување на емисиите, загадувањето ќе продолжи да расте и да го загрозува здравјето на милиони луѓе.

ИЗДВОЕНИ