четврток, ноември 5, 2026
Дома СВЕТ Италијанците открија кој стои зад заканите со бомби за летовите кон Рим!

Италијанците открија кој стои зад заканите со бомби за летовите кон Рим!

755

По серијата закани за поставени бомби, кои во четвртокот предизвикаа безбедносни аларми на летови низ Европа, се појавија нови детали за заканите упатени кон авиони што летале за Рим. Италијанските аеродроми за Би-Би-Си (BBC) потврдија дека заканите биле испратени преку електронска пошта, а испраќачите се претставиле како „Борци на машката држава“ и се заканиле дека ќе предизвикаат експлозии.

Управата на аеродромите во Рим потврди дека во четвртокот наутро биле примени закани за бомби на два лета што пристигнувале во градот, но се покажало дека станува збор за лажни дојави. Според Би-Би-Си, заканите биле испратени преку е-пошта со наслов „Известување за закана“.

Пораките биле потпишани од група што се нарекува „Борци на машката држава“, која тврдела дека нејзина цел е „феминистичкиот режим“. Во пораките, авторите изразиле желба „да остават трага во историјата“ и се заканиле дека „ќе го обојат небото во црвено“ со експлозии.

За овие детали првично известија италијанските медиуми, а подоцна за Би-Би-Си ги потврдија претставници на „Аеропорти ди Рома“ (Aeroporti di Roma) – компанијата што управува со двата аеродрома во Рим.

Овие настани се случија откако во четвртокот бројни европски аеродроми и авиокомпании добија закани за поставени бомби. Поради една таква закана, авион на „Ер Лингус“, кој летал од Даблин кон Рим, бил пренасочен кон француската воена база во Евре. Таму авионот безбедно слетал, придружуван од воени авиони. Сите 151 патник и шестмина членови на екипажот останале неповредени.

Слични аларми биле пријавени и на летови кон Прага, Софија и Виена, додека во Италија биле кренати во воздух воени авиони.

ИЗДВОЕНИ