четврток, ноември 5, 2026
Дома СВЕТ Над 300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации...

Над 300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА

0

Над 300 килограми кокаин биле запленети во Германија, благодарение на брзата размена на информации меѓу Одделот за криминалистичка полиција при македонското МВР и американската Агенција за борба против дрога ДЕА. Според неофицијални информации, дрогата била скриена во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор пристигнал на пристаниште во Холандија, а оттаму бил транспортиран во Германија.

По размената на информации меѓу македонската криминалистичка полиција и американската ДЕА, германската полиција го открила сомнителниот товар и запленила над 300 килограми кокаин. Оваа заплена ја истакнува значајната улога на македонската криминалистичка полиција во меѓународната борба против трговијата со дрога, како и важноста на соработката меѓу полициските служби од различни држави.

ИЗДВОЕНИ