четврток, ноември 5, 2026
Дома СКОПСКА Улицата  „Мито Хаџивасилев Јасмин“ ќе биде двонасочна

Улицата  „Мито Хаџивасилев Јасмин“ ќе биде двонасочна

0

Град Скопје за весникоТ ВЕЧЕР потврди дека на улицата „Мито Хаџивасеилев Јасмин“, сега преименувана во „Свети Кирил и Методиј“ се реализираат инфраструктурни активности за проширување на коловозот кај вртењата на крстосниците во рамките на неопходните подготовки за воведување на времен сообраќаен режим за изградбата на булеварот „Македонија“.

Инаку, утринава беа забележани градежни активности на овој потег, а според неофицијалните информации кои беа потврдени од градските власти оваа улица ќе биде двонасочна се до пуштањето во употреба на подземната сообраќајница.

Фото: (Ѕ.П.)

ИЗДВОЕНИ