четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Сајбер напад во Албанија: Ирански хакери тврдат дека поседуваат преписка од пратеници

Сајбер напад во Албанија: Ирански хакери тврдат дека поседуваат преписка од пратеници

217

ИТ инфраструктурата на албанскиот парламент беше цел на кибер напад, а одговорноста ја презеде хакерската група „Татковинска правда“, за која се верува дека е поврзана со Иран, пренесоа албанските медиуми.

Веб-страницата на албанскиот парламент беше накратко преземена од страна на иранска хакерска група која објави порака со закани и тврдења дека поседува интерна комуникација на пратениците.

Групата „Татковинска правда“ тврди дека обезбедила пристап до разговорите и електронската преписка на „корумпираните членови на парламентот“ во последните месеци. Во објавената порака, хакерите упатија директни закани кон албанските власти, нагласувајќи дека се „многу поблиску отколку што мислат“ и дека „овој срам ќе остане засекогаш“.

Албанскиот парламент објави дека нападот се случил во понеделник вечерта и дека е забележан неовластен влез во мрежата и бришење на некои информации на неколку налози, пренесува RT Albania.

„Првичните анализи покажуваат дека главната оперативна инфраструктура не е засегната. Официјалната веб-страница на Албанското собрание и другите системи што го поддржуваат функционирањето на институцијата продолжуваат да функционираат нормално. Веднаш по откривањето на инцидентот, беа преземени мерки за изолирање на сомнителниот сообраќај и неутрализирање на нападот“, се вели во соопштението.

Според тврдењата на хакерската група Homeland Justice, тие се одговорни за нападот, објавија албанските медиуми.

ИЗДВОЕНИ