Саемот на книгата оваа година ќе се одржи од 23 до 29 април, под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, a арената „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на љубителите на книги, но и на авторите, културните работници, преведувачите и на издавачите од земјава и од странство.
Организаторот најави дека Саемот на книгата 2026 ќе им понуди на посетителите богата програма со добро познати бестселери, изданија од омилените домашни и странски автори, како и промоција на нови дела, кои ќе ја збогатат најважната недела во календарот на домашниот читател. Присутните на Саемот ќе имаат можност да проследат излагања и работилници со популарни автори од земјава и од странство, а издавачите ќе претстават ексклузивни наслови и досега невидени изданија.
И оваа година Саемот на книгата е со поддршка од Министерството за култура и туризам.












