среда, октомври 28, 2026
Дома КУЛТУРА Промоција на Зборникот на трудови „Траумата во литературата“ на Институтот за македонска...

Промоција на Зборникот на трудови „Траумата во литературата“ на Институтот за македонска литература

6

Во конференциската сала на Институтот за македонска литература во Скопје, на 29 октомври, во 12 часот ќе се одржи промоција на Зборникот на трудови „Траумата во литературата“ и презентација на резултатите од истоимениот научно-истражувачки проект. Проектот е на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а поддржан од Министерството за образование и наука.

Покрај главната уредничка на Зборникот, проф. д-р Ана Мартиноска, на промоцијата ќе се обратат и проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, директорка на Институтот за македонска литература во Скопје, проф. д-р Тихомир Д. Брајовиќ, Филолошки факултет, Универзитет во Белград и проф. д-р Никица Гилиќ, Филозофски факултет и Академија за драмска уметност, Универзитет во Загреб.

Оваа година, кога Институтот за македонска литература одбележува 45 години постоење, вкупно 28 истражувачи од земјава и странство имаа можност заедно да работат на научно-истражувачкиот проект „Траумата во литературата“ под раководство на проф. д-р Ана Мартиноска. Зборникот на трудови како финален резултат од овој проект нуди толкувања на репрезентацијата на траумата во различни развојни етапи на македонската книжевност, оформува дијахрониски преглед на еволуцијата на книжевните студии за траумата во нашата средина, но и укажува на нејзината актуелна релевантност во рамките на современите теориски, компаративни и интердисциплинарни пристапи.

ИЗДВОЕНИ