Американската војска денес ги повлече своите напредни ловци со скриен систем од израелската воздухопловна база во јужен Израел, објави „Тајмс оф Израел“.
Најмалку 10 ловци со скриен систем Ф-22, кои беа распоредени во базата Овда на израелските воздухопловни сили, полетаа кон британската воздухопловна база Ферфорд во Обединетото Кралство, на пат кон САД.
Снимките објавени на платформата Икс покажуваат авиони како слетуваат во британската воздухопловна база, објавува „Танјуг“.
Ловецот Ф-22, управуван исклучиво од американските воздухопловни сили, е најнапредниот борбен авион во светот кој постигнува неспоредлива брзина, маневрирање и технологија на прикрадување во воздушната борба.
Овие ловци беа распоредени во Израел пред неодамнешната војна со Иран.












